Ковачевски: Имаме над 50 проценти усогласеност на законодавството со ЕУ

 

Премиерот Ковачевски на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, зборуваше и за евроинтеграциите. Тој рече дека очекува да биде признаено тоа што Северна Македонија го направи во делот на скринингот.

-Имавме исклучително успешен скрининг којшто минатата недела го затворивме заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ со последните поглавја. Веќе дојдоа извештаите од ЕУ дека Северна Македонија има над 50 проценти усогласеност на законодавството со ЕУ. Јас сакам да се заблагодарам уште еднаш на СЕП, меѓутоа и на сите други институции владини, невладини, академски, стопански комори коишто учествуваа во над 100 состаноци, илјада луѓе броеше тимот којшто практично одржа 850 презентации во Брисел. Навистина ја презентираа државата на ниво кое што е соодветно на земја која што е членка на НАТО и која што има отворено преговори со ЕУ и како што кажав и јас, како што кажаа и високите претставници на ЕУ сега зависи од нас. Ние имаме една одлука која треба да ја донесеме во Собранието од која што одлука зависи отворањето на поглавјата и зачленувањето во ЕУ, рече тој.

Тој рече дека се надева дека Северна Македонија нема да ја направи грешката која што ја направи во минатото – 17 години да чекам на датум за преговори, 11 години да не се помрднеме од место во преговорите и со НАТО и со ЕУ.

-Еве ќе ви кажам какви политики. Пред да се зачленат во ЕУ Бугарија, Романија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија сите имале далеку понизок стандард од Македонија која што беше дел од Југословенската Федерација, далеку понизок стандард. И вие тоа го знаете со оглед на фактот дека се сеќавате и на Југославија и на Варшавскиот договор. По распаѓањето и на Варшавскиот договор и на Југословенската Федерација цела декада ние пак имавме подобар стандард од земјите коишто ги набројав. И не можеше да се замисли граѓанин на Македонија да оди и да работи во Полска, Чешка, во Словачка, во Унгарија или која било земја од тогашниот бивш Советски лагер. Денес наши граѓани одат и работат во овие земји. Јас имав прилика да одам на состаноци и во Словачка, и во Чешка – вие имате цели улици на коишто живеат македонски граѓани без разлика на нивната етничка припадност во овие држави. Знаете зашто е тоа? Затоа што овие држави влегоа во ЕУ. Единствената предност која што ја имаат пред нас е тоа што се земји членки во ЕУ. Со влезот во ЕУ тие го дуплираа својот БДП. Тоа го потврди и претседателката на Словенија при говор во Скопје. Тие ги дуплираа своите плати, додаде Ковачевски.

 

 

12.12.2023 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега