Ковачевски: Декларациите и разговорите на Самитот можност за нови инвестциии до милијарда евра
Повеќе пари за инфраструктура и соработка за олеснување на бизнисите. Ова беше одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашања кои придобивки се можни по овој Самитот на лидери на Берлинскиот процес денес во Тирана.
- Се работи за декларациии кои се однесуваат на олеснување на транспорт, декларации во вклучување во единствен систем за плаќање, во делот на инфраструктура за спроведување на зелениот договор. Во една декларација веќе има согласност од Германија, од КФБ банката за инвестциии до милијарда евра кои се однесуваат на делот на енергетика. Искористување на фондот за Западна Европа кој се однесува исто на инфраструктурни проекти, Европската банка за финансисирање на Коридор 8 железничко поврзување со Албанија, што ќе овозможи излез на Драч, рече Ковачевкси.
Се зборувало и за поголема соработка со цел подобро одвивање на трговијата во Западен Балкан. Односно компаниите полесно и поедноставно да плаќаат.
- Воведување во системот за плаќања за кој веќе треба да се разговара, во однос на оние земји и компании коишто соработуваат со компании од земји членки на ЕУ да можат да бидат вклучени во систем во кој побрзо ќе одат и поедноставено ќе одат плаќањата со помали трошоци, сè се тоа придобивки кои нашите компании ќе ги имаат во иднина. Тоа се активности кои ќе следат и знам дека ќе има резултати затоа што она што досега го направивме во овие две години додека јас сум на овие Самити, истакна Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа