Ковачевски: Честитки за новиот европски шампион Владимир Егоров
Македонскиот борец Владимир Егоров освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта во категоријата до 57 килограми.
Егоров доби честитка и од македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, кој испрати порака преку Фејсбук.
„Честитки за новиот европски шампион во борење во слободен стил, Владимир Егоров.
Од мое име и од името на сите граѓани ти посакувам многу големи успеси во иднина, уште многу златни медали и освоени врвови. “, напиша Ковачевски.
31.03.2022 - 21:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа