Костовски: Продолжуваме со отстранување на бесправно изградените објекти и узурпација на општина Бутел

 
 
 
 
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот официјален фејсбук профил објави дека општината продолжува со отстранување на бесправно изградените објекти.
 
„Денес во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направивме дополнителен увид на улицата “Јадранска магистрала”.
Во населеното место Визбегово изминатиот период по постапка од страна на општинските инспектори започна процес на отстранување на узурпациите долж улицата “Јадранска магистрала”.
Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки!
Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек кој ќе го спроведува законот.
По предходна постапка на општинските инспектори дел од стопанствениците започнаа процес на отстранување. Таму каде што нема да се почитуваат роковите Општина Бутел ќе пристапи кон отстранување.“-напиша Костовски.

17.07.2023 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега