Костовски до Петровска: Изградете споменик во Бутел за хероите од Љуботенски бачила, веднаш ќе обезбедиме локација

 

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и порача на министерката за одбрана, Славјанка Петровска да се изгради споменик за бранителите во општината, а локација ќе биде веднаш обезбедена.

„Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва.

И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сеуште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила.

Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои“, вели Костовски.

10.08.2023 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега