Костовски: Арсовска пред изборите на граѓаните им ветуваше парк, а не улица

 

 

Општина Бутел и Град Скопје продолжуваат со несогласувањата за изградбата на кракот од улицата Боца Ивановска, кој треба кружниот тек во Бутел да го спои со булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вели дека градоначалничката Данела Арсовска лично им ветила на луѓето дека нема да има никаква улица и оти ќе се изгради парк во овој дел од градот.

Костовски информираше дека утре на седница на Општина Бутел ќе се донесе одлука за покревање на иницијатива за поништување на овој план тука „С 16“ и вториот план во Бутел 2 „ССИ 06 Блок 7“ којшто има предвидени четири згради.

„Прифатливо решение би било само дислоцирање на трасата“, вели Костовски.

Градоначалникот ја повика Арсовска да излезе заедно со граѓаните, да се соочи со реалните проблеми и да го реализира тоа што им го ветила, а тоа е изградба на парк.

14.03.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега