Кос: Северна Македонија мора да го промени Уставот за да продолжи на нејзиниот пат кон Унијата
Каднидатката за нов еврокомесар за проширување, Марта Кос, е на ставот дека Северна Македонија мора да го промени Уставот за да продолжи на нејзиниот пат кон Унијата.
Словенката Кос денеска одговараше на прашања на европратениците, пришто членовите на Европскиот парламент од Бугарија ја прашаа како гледа на можноста за одложување на уставните измени на кои Северна Македонија се обврза пред две години.
„Одговорот е јасен. Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку. Владеењето на правото, почитувањето на човековите права, правото на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Оттука, очекуваме владата на Северна Македонија да го исполни ова барање“, рече таа.
Прашана и за тоа како ќе се решаваат билатерaлните прашања меѓу земји-членки и земји-кандидатки, како што е тоа случајот меѓу Софија и Скопје, Кос одговори дека кога станува збор за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите-членки е на прво место. Потоа рече и дека ако стане еврокомесарка, ќе се потруди да не се увезуваат билатерални прашања во процесот на проширување.
Кос ќе стане еврокомесарка доколку биде изгласана од Европскиот Парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа