Кортни Кокс се бори со солзите во говорот на Булеварот на славните

 

 

Холивудската патека на славните во понеделникот пречека нов пријател: суперѕвездата на „Пријатели“, Кортни Кокс.

58-годишната актерка, продуцентка, режисерка и претприемачка е овековечена со своја ѕвезда на свечен настан, на кој доби емотивни почести од колешките од хит-серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон и Лиза Кудроу и од долгогодишната пријателка Лора Дерн.

На крајот, Кокс, на која ѝ се придружија момчето Џони Мекдејд и ќерката Коко, видно се вознемири и се бореше со солзите присетувајќи се дека никогаш не се откажала од своите холивудски соништа и покрај финансиските проблеми на почетокот на својата кариера.

Честа доаѓа пред дебито на уште еден дел од култниот хорор-серијал „Вресок“ (Scream), во кој таа ја репризира улогата на Гејл Ведерс, и уште една сезона од серијата Shining Vale.

Дерн прва почна со оддавање почит нарекувајќи ја Кокс пријателка, сестра и најнеобична можна личност. Таа детаљно го опиша нивното патување во Дизниленд кога од прва рака го видела одушевувањето во очите на луѓето кога ја препознале Кокс. „Некои фанови се откажаа од своето место за да се поздрават со неа затоа што ја сакаа повеќе од фамозниот ‘Спејс маунтејн’,“ рече Дерн. „Господ да ги благослови“.

Следуваа Анистон и Кудроу, и двете рекоа дека кога ги добиле улогите во „Пријатели“, биле нервозни што ќе ја запознаат Кокс, која во тоа време беше најпознатиот член на актерската екипа, благодарение на видеото на Брус Спрингстин, „Семејни врски“, „Ејс Вентура: детектив за миленичиња“, меѓу другите.

 
01.03.2023 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега