„Корси доста, да не си полудел, да не си пијан?“: Пандев “жртва“ на урнебесна скриена камера: Го известија дека е продаден во Индија

 

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев беше цел на скриена камера на италијанската телевизија „Медијасет“, во која неговиот агент Леонардо Корси го известува дека управата на Џенова решила да го продаде во Индија.

Во скечот покрај агентот на Пандев учествуваше и капитенот на Џенова, Доменико Кришито.

Пандев на почетокот на разговорот со агентот не можеше да поверува во предлогот за негов трансфер во Индија, кој не му се допадна. Сомнежи кај Пандев предизвика и сумата од 72 милиони евра за три сезони со бонус од 10 милиони евра ако се оствари одреден посакуван резултат, која би требало да ја заработи во новиот клуб Ченаијин.

– Ајде Корси доста… Да не си полудел? Да не си пијан? Што зборуваш“ – му одговори Пандев на Корси, за да додаде „ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста“.

Видеото можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК

Набргу во измамата се вклучуваат и навивачите на Џенова, кои се појавуваат со транспаренти пред куќата на Пандев и скандираат „Пандев предавник“. Македонскиот репрезентативец тогаш се обидува да им објасни за што се работи, па по извесно време се појавува и водителот на шоуто „Скриена камера“ кој му кажува на Пандев дека станува збор за шега.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега