Коронавирусот влезе и во тимот на Кире Лазаров
Од редoвите на францускиот ракометен клуб Нант предмалку објавија дека во нивниот тим има позитивен случај на коронавирусот.
По направените тестирања во текот на вчерашниот ден еден од тестовите на играчите бил позитивен по што ракометарот веднаш бил упатен во самоизолација.
Од Нант јавија дека пријателскиот натпревар против ПСЖ кој беше закажан за 28 август сега се откажува, а најавија дека и тренинзите ќе се одвиваат под посебни околности.
– Скрининг тестирањето кое беше извршено вчера потврди еден позитивен случај на КОВИД-19. Играчот кој е заразен веднаш е изолиран, а за среќа нема ниту еден друг позитивен случај меѓу играчите и стручниот штаб.
– Според здравствените протоколи ќе следи нова тренинг програма која ќе биде адаптирана следната недела, а натпреварот против ПСЖ закажан за петок во Париз е откажан, -стои во дел од соопштението лиферувано на официјалната страна на клубот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа