Компанијата МЕТА укинува уште 10 илјади работни места
Компанијата Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, денеска соопшти дека укинува уште 10.000 работни места, како и дека не пополнува 5.000 отворени позиции, со цел да ги намали трошоците.
Во соопштението се вели дека компанијата ќе ги намали своите тимови за регрутирање овој месец, дополнително ќе го намали својот тим за истражување на технологијата на крајот на април, како и деловниот тим на крајот на мај.
Мета досега инвестираше милијарди долари во проектот Метаверс, но во февруари објави помал профит и приходи за последниот квартал од 2022 година, што беше погодено од полошите пазарни услови и конкурентните компании како ТикТок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа