(ВИДЕО) Шукова за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред

Денеска на овој голем празник го славиме и АСНОМ, го славиме и Илинден. Се поколонивме на сите оние коишто се бореа за нашата држава и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Меѓутоа не смееме да заборавиме и дека треба да одиме напред, дека треба градиме нова иднина за оваа држава и тоа треба да го направиме сите заедно, порача кандидатката за градоначалничката на СДСМ Каја Шукова пред медиумите денеска од Скопје.
Ваквите денови ни покажуваат дека само со заедништво можеме да одиме напред и само со заеднички напори на сите чинители во општеството, почнувајќи од обичниот граѓанин, па до сите оние коишто се должни да оваа држава функционира, впрочем и градот Скопје да ни функционира како што треба, тоа е мојата главна порака денеска. Честитки до сите граѓани, честитки од мое лично и од СДСМ, да одиме напред и да се движи оваа држава во онаа насока којашто сите посакуваме, а тоа е ЕУ, дополни Шукова.
02.08.2025 - 12:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа