Командантот на злогласната единица ги откри плановите на Пригожин

 

Припадниците на руската паравоена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин се подготвуваат да се преселат во Белорусија врз основа на договорот со кој заврши нивниот бунт против руското воено раководство, изјави денеска високиот командант на „Вагнер“ Антон Јелизаров.

Јелизаров, чиј прекар е Лотус, на Телеграм напиша дека борците на „Вагнер“ сега се на одмор до почетокот на август, по наредба на Пригожин, пред да се преселат во Белорусија.

 

Јелизаров истакна дека мора да се подготват бази и полигони и да се оствари соработка со локалните самоуправи и органите на редот на Белорусија.

 

Не е јасно каде точно се Пригожин и борците на „Вагнер“ по неуспешното востание од 23 до 24 јуни.

 

Според договорот со кој заврши бунтот, Пригожин требаше да се пресели во Белорусија, а на неговите борци им беше дадена опција да одат во Белорусија, да се приклучат на редовните вооружени сили на Русија или да си одат дома.

 

Сепак, белорускиот претседател Александар Лукашенко во четвртокот рече дека Пригожин и илјадници негови борци се во Русија, што ги наметна прашањата за спроведувањето на договорот.

 

 

08.07.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега