Колку заработи Нетфликс од „Squid Game“?

 

„Netflix“ бележи голем пораст на нови корисници на платформата во третото тримесечје од годинава благодарение на серијата „Squid Game“.

Популарната американска стриминг платформа добила 4,4 милиони корисници од јуни до крајот на септември, што е двапати повеќе за разлика од второто тримесечје на 2021 година.

Јужнокорејскиот хит поради кој е забележан висок пораст на корисници, во првите четири седмици бил прегледан 142 милиони пати.

Сериите кои привлекуваат нови корисници се и „La Casa de Papel“, „Queen’s Gambit“ и „Sex Education“.

Да ве потсетиме, „Squid Game“ на „Netflix“ му донесе приходи од околу 900 милиони долари, а во снимањето на серијата биле вложени 21 милион долари.

„Netflix“ очекува дека во последните три месеци од 2021 година ќе добие уште 8,5 милиони нови претплатници.

Овој факт е посебно интересен доколку се земе предвид дека серијата со години никој не сакал да ја купи.

 

21.10.2021 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега