Кој е виновен што останавме без пасоши и документи?

На последниот ден во кој имаат рок, пратениците конечно решија да ги менуваат законите за возачките дозволи. Иако имаа неколку години време за да се договорат, тоа го направија сега, кога притисокот од јавноста стана толку жесток што почна сериозно да се одразува на нивните партиски рејтинзи во пресрет на изборите. Очекувано, најмногу на удар се владејачките СДСМ и ДУИ кои не само што не преземале мерки навреме да ги решат овие проблеми (иако можеле) туку во периодот на последните 4 години издавале документи со старото име со што на граѓаните им правеле сосема непотребни трошоци.
Очекувано, опозициската ВМРО-ДПМНЕ која сега има технички министер за внатрешни работи се обидува тоа да го искористи во своја корист па предлага законски решенија за да се надмине проблемот. За да балансира, истото го прави и СДСМ, која наместо пред неколку години, денеска се решила да го менува законот која сама го донела.
Но се чини најсмешни, во оваа политичка игра за прибирање на гласови се левица кои пак преку партиските гласила сметаат дека Апасиев на Facebook успеал да избори продолжување на рокот.

 

12.02.2024 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега