Детали за вечерашното убиство во Тетово: Го убил син му со ловечка пушка
Семејна трагедија вечерва ги потресе жителите на Тетово – татко со ловечка пушка си го убил синот.
На местото на злосторството, во населбата Блок 70, вечерва пристигнала полицијата, која го пронашла оружјето со кое е извршен насилниот чин.
Според првичните информации кои ги објави телевизијата, таткото два дена не излегувал од станот и полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена. Осомничениот е однесен во болница поради неговата психичка состојба.
Засега нема информации за мотивот за убиството.
02.01.2025 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа