Кој е Атила, новиот газда на ФК Вардар
Вардар вчера соопшти дека има нов сопственик, управувачкиот пакет на акции на клубот сега е во рацете на турскиот државјанин од Унгарија, Атила Бижен Жалили.
Жалили откупи 85 проценти од акциите на Вардар, има обврска да ги врати долговите на клубот, да направи целосна трансформација и да ги постави темелите за нови славни денови на македонскиот фудбалски гигант.
Атила Бижен Жалили е Турчин кој живее во Унгарија, во моментов е генерален директор на „СолСервисис Лтд“, унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори.
Тој студирал на Универзитетот во Нотингем каде дипломирал за електротехника и електроника во 2010. На истиот универзитет три години подоцна добива и диплома за инжинер за одржливо изградена средина. Образованието го завршува во Истанбул на Билги Универзитетот каде ја добива титулата магистер по бизнис администрација.
Атила Жалили повеќе од десет години е во бизисот со енергија. Од 2013 е во компанијата „СолСервисис Лтд“ каде до 2017 година бил инвестиционен координатор, а од 2020 па до денес е генерален менаџер.
„СолСервисис Лтд“ е компанија која е пионер во развојот на соларни паркови во Унгарија и е лидер на тамошниот пазар во оваа дејност. Најголемите заслуги за развојот на компанијата се препишуваат токму на Атила Жалили.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа