Кинески министер: Во Газа се случува масакр


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска ја осуди надворешната политика на САД и го пофали партнерството меѓу Пекинг и Москва, додавајќи дека хуманитарната ситуација во Газа е „срам за цивилизацијата“.

Ванг, искусен 70-годишен дипломат, ги осуди повеќекратните обиди на САД да го „притискаат“ Пекинг и „нивните напори да ја обвинат Кина под каков било изговор“, што „достигнало незамисливо ниво“.

„Постојано се појавуваат нови начини за притисок врз Кина, а списокот на еднострани санкции постојано се продолжува“, нагласи Ванг Ји, додавајќи дека „цврсто се спротивставуваме на секоја хегемонија и заплашување“.

Кинеско-американските односи се затегнати по неколку точки: за прашањето за Тајван и трговијата, потоа тие се ривали во развојот на технологиите и во борбата за влијание во азиско-пацифичкиот регион, како и за прашањето за позициите за човековите права.

Ванг Ји овие изјави ги даде за време на годишната седница на кинескиот парламент.

За прашањето за Тајван, тој предупреди дека лидерите на Тајван кои бараат независност ќе мора да одговараат за историјата.

Кина го смета Тајван за своја територија, а независноста на островот е поддржана од САД. Ванг Ји, исто така, ја отфрли идејата дека Пекинг претставува закана за светскиот поредок.

„Во време на нестабилни и сложени меѓународни односи, Кина решително ќе биде сила за мир, стабилност и напредок во светот“, посочи тој.

Ванг Ји ја потврди поддршката на Пекинг за палестинската кауза и уште еднаш побара од ОН да ја признаат целосната палестинска држава.

„Нема добро оправдување за масакрот на цивилите“, нагласи Ванг, додека конфликтот меѓу Израел и Хамас сè уште беснее во Појасот Газа.

„Фактот што денес, во 21 век, оваа хуманитарна катастрофа не може да се запре е човечка трагедија, згора на тоа, е срам за цивилизацијата“, додаде тој, повторувајќи го повикот на неговата земја за прекин на огнот.

Кинескиот министер во четвртокот ги бранеше и добрите односи на неговата земја со Русија, додека Кина е критикувана од Западот поради Украина.

Иако Пекинг повикува на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина, тој никогаш јавно не ја осудил Москва.

07.03.2024 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега