Кина и Русија започнаа поморски и воздушни воени вежби во Јапонското море
Кина и Русија денеска започнаа заеднички поморски и воздушни воени вежби во Јапонското Море, објавија денеска кинеските медиуми.
Заедничките вежби ќе ја тестираат способноста на кинеската и руската војска да интегрираат заеднички операции во далечните води, објави кинеската ЦЦТВ, пренесува „Ројтерс“.
Вежбите се фокусирани на комуникација од брод до брод, маневрирање при формирање и поморско пребарување и спасување. Во вежбата учествуваат повеќе од 10 бродови и повеќе од 30 авиони, објави претходно новинската агенција Ксинхуа.
Меѓу бродовите се и разурнувачите „Кичихар“ и „Гуејанг“, фрегатите „Заожуанг“ и „Рижао“, како и бродот за снабдување „Таиху“. На руска страна, меѓу другото, учествуваат фрегатите „Громкиј“ и „Отлични“.
Кина ја има најголемата морнарица во светот и е значително помоќна од Русија, како по големина, така и според техничките можности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа