Кевин Спејси се расплака на суд кога беше прогласен за невин за сексуални престапи врз четворица мажи

 

 

Поротата во судот во Лондон го прогласи актерот Кевин Спејси за невин за сексуален напад.

Актерот низ солзи ја слушна пресудата што го ослободува од обвиненијата за сексуални деликти врз четворица мажи.

„Ви благодарам,“ ѝ рече Спејси на поротата со видлива понизност држејќи ја дланката на градите.

На 64-годишниот оскаровец му се судеше за сексуални напади врз четворица мажи, кои наводно се случиле од 2004 до 2013.

Поротта на лононскиот суд го ослободи од сите девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пренесуваат британските медиуми.

Сите четворица мажи што го тужеа, според законот, имаат право на доживотна анонимност.

Двократниот добитник на „Оскар“ неодамна се изјасни за невин пред лондонскиот суд во Саутворк по 12 точки од обвинението за сексуални престапи против четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година. Тие обвиненија претходно беа отфрлени.

27.07.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега