Кевин Спејси на суд во Лондон по тужбата за сексуален напад

 

 

Оскаровецот Кевин Спејси пристигна во судот во Лондон во средата на почетокот на своето четиринеделно судење по десетина тужби за сексуален престап.

Спејси (63) ги негира наводите за сексуални напади врз четворица мажи, кои наводно се случиле помеѓу 2001 и 2013 година.

Тој не даде коментар за медиумите при пристигнувањето во судот.

Тужбите против Спејси вклучуваат непристојни и сексуални напади, како и посериозно кривично дело – поттикнување лице на пенетративна сексуална активност без согласност, за кое е пропишана максимална казна доживотен затвор.

Спејси, кој освои „Оскар“ за најдобра машка улога во „Американска убавина“ (1999) и уште еден за најдобра споредна машка улога во „Вообичаените осомничени“ (1995), помина повеќе од една деценија работејќи во британската престолнина како уметнички директор на театарот „Олд Вик“ од 2004 до 2015 година.

Британските обвинители првпат открија дека тој се соочува со тужби во мај 2022 година објаснувајќи дека е обвинет за пет напади помеѓу март 2005 и април 2013 година – четири во Лондон и еден во Глостершир во западна Англија. Наводните жртви се еден маж, кој сега има 40 години, и двајца мажи, сега во своите 30.

Спејси, некогаш една од најголемите холивудски ѕвезди, во голема мера исчезна од очите на јавноста откога пред шест години беше обвинет за сексуално недолично однесување.

Спејси во САД победи во случајот за сексуална злоупотреба што беше поведен против него пред граѓански суд. Поротниците во Менхетн утврдија дека неговиот тужител не успеал да го докаже своето тврдење дека актерот се обидел да направи несакан сексуален напад врз него кога имал 14 години.

 

28.06.2023 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега