Кажа „да“ по петтипат на 93 години: Познат милијардер импресионирал значително помлада сопруга

 

Медиумскиот магнат Руперт Мардок во саботата се ожени по петти пат, пишува британскиот таблоид Сан.

Споменатиот таблоид, кој е во сопственост на Мардок, објави фотографии од 93-годишниот австралиски милијардер заедно со неговата 67-годишна сопруга, пензиониран молекуларeн биолог Елена Жукова.

Свадбената церемонија се одржала на неговото лозје во Бел-Ер, Калифорнија.

Жукова е мајка на руско-американската колекционерка Даша Жукова, поранешна сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович. Со децении, Мардок седеше на чело на Fox Corporation и News Corp, две медиумски компании кои ги вклучуваат Wall Street Journal, New York Post и Fox News.

Мардок, кој има нето богатство од 9,77 милијарди долари според индексот на милијардери на Блумберг, во ноември 2023 година објави дека ќе се повлече од функцијата претседател на двете организации, предавајќи ја позицијата на својот син Лахлан.

Со Жукова почна да се забавува минатото лето, а двојката ја објави свршувачката во март.

Мардок неодамна беше во брак со поранешниот супермодел Џери Хол со која се разведе во 2022 година.

03.06.2024 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега