Канје Вест ја моли Ким Кардашјан да му се врати

 

Во текот на добротворен концерт во четвртокот вечерта раперот Канје (Је) Вест ѝ се обрати на отуѓената сопруга Ким Кардашјан, која беше меѓу присутните.

„Врати се веднаш кај мене“, рече тој.

Ова се случи на концертот Free Larry Hoover („Ослободете го Лари Хувер“), каде што тој и Дрејк докажаа дека нивната долгогодишна кавга конечно е зад нив бидејќи ги здружија силите за добротворен настан за ослободување на Лари Хувер, член на банда кој издржува доживотна казна затвор за убиство.

Двајцата рапери ги кренаа своте фанови на нозе во „Меморијал колосеумот“ во Лос Анџелес со капацитет од над 78.000 луѓе додека одеа рамо до рамо по скалите на култното место. Шоуто се пренесуваше во живо на „Амазон прајм видео“.

Вест (44) и Дрејк (35) се залагаат за ослободување на Хувер, поранешен водач на банда, кој беше осуден за убиство во 70-тите и моментно издржува доживотна затворска казна.

11.12.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега