Камионџија превезувал 15 мигранти од Кина - апсење на Богородица (ВИДЕО)

38-годишен камионџија од Босна и Херцеговина е уапсен на Граничниот премин Богородица откако во неговото возило биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едното било малолетно.

-Вчера во 22.45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија, велат од МВР.

29.08.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега