Како да дознаете колку е старо јајцето пред да го изедете?
Одличен трик со кој за многу кратко време ќе откриете колку е старо јајцето и дали смее да се јаде.
Постапка е следна:
Наполнете сад со вода до половина и во него ставете го јајцето.
Најсвежо јајце
Јајцето е најсвежо кога штом ќе го ставите во садот со вода ќе потоне на дното и таму ќе остане неподвижно.
Седум дена старо јајце
Кога ова јајце ќе го ставите во садот со вода, стигнува речиси до дното, но со едниот дел е подигнато кон горе.
21 ден старо јајце
Ова е се уште прифатлив рок на траење, а кога ќе го ставите во садот со вода балансира некаде во средината.
Старо јајце
Дека се работи за јајце опасно за конзумација говори моментот кога откако ќе го поставите јајцето во садот со вода тоа се подигнува на површината и плови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа