Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборната листи
Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ, рече Каевски.
„Над 80% се истите пратеници. Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание. Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата. Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата. Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите. Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ. Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив. Се потврди. Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ“, посочи Каевски.
30.03.2024 - 13:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа