ЈСП: Дополнителни автобуси на Задушница кон Бутел, а од понеделник стартува летен возен ред
ЈСП Скопје преку соопштение ја информира јавноста за возниот ред на јавниот превоз на Задушница и за промена на режимот на сообраќање на јавниот превоз од понеделник, како и за важноста на бесплатните ученички билети.
„Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.
Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk)“, соопштија од ЈСП Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа