Јокиќ: Ако на Лука му се смачи во Далас, може да дојде кај мене во Денвер

 

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ повторно се забавуваа за време на НБА Ол-стар викендот. Двајцата беа дел од Тим Запад на Ол-стар и успеаја да приредат шоу преку нивните настапи.

По натпреварот, освоен од Истокот со импресивни и не особено интригантни 211:186, Јокиќ застана пред новинарите да одговара на прашања. Едно од нив, секако, беше дали еден ден би можеле да ги гледаме двајцата во ист тим.

-Не сум сигурен дали е можно да се игра во ист тим. Не сакам да го напуштам Денвер. Многу ми се допаѓа овде и организацијата е одлична. Но, ако на Лука му се смачи во Далас, може да дојде кај мене, изјави Србинот.

Дончиќ може да стане слободен играч по завршувањето на сезоната 2025/26, со опција да го продолжи договорот на уште една година вреден речиси 49 милиони долари. Словенецот оваа сезона е меѓу главните кандидати за наградата МВП, со просек од 34,2 поени, 8,9 скока и 9,5 асистенции во 47 натпревари со Маверикс.

20.02.2024 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега