Јелена Спенџарска во Бомбакис поткаст: Имав хејтери оти сум од Берово, ама сепак успеав
Водителката Јелена Спенџарска е вечерашна гостинка во 11-та епизода на Бомбакис поткастот. Таа раскажува за почетоците на својата кариера, предизвиците со кои се соочувала низ годините, ги открива нејзините тајни за патот до успехот.
Водителката си призна дека имала и „хејтери“ бидејќи била од Берово, но и покрај сите негативни коментари сепак успеала да продолжи да реди успеси и да гради квалитетна кариера.
Многу повеќе за нејзиниот живот, дознајте вечерва со почеток од 21 часот на каналот на Бомбакис, со Вашиот домаќин Кристијан Станковски.
14.04.2024 - 17:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа