Јануари просечно топол и сув месец
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јануари е просечно до топол месец во однос на температурите и просечен до многу сув во однос на врнежите доколку се спореди со многугодишните просечни вредности (1991-2000), информира УХМР.
Месечната температура се движеше од 0,9 во Битола до 5,9 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски месечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 1,7 степени над просечната, на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 25 јануари во Гевгелија и изнесуваше 18,9 степени, а најниската во Берово, на 19 јануари и изнесуваше -12,6 степени.
Во јануари 2025 година месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 6 милиметри во Штип до 81 милиметар во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег и позастапени во втората декада од месецот. Максимално дневно количество на врнежи од 32 милиметра беше регистрирано во Маврово на 13-ти во месецот. На Попова Шапка и Маврово беше измерена максимална снежна покривка од 65 сантиметри и 60 сантиметри на 13-ти во месецот.
Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 47 отсто под просечната на ниво на држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа