Ја прогласија за најсекси жена на светот, а најмногу мрази кога ја опишуваат како „плус сајз“

 

 

Ешли Грем е најсексапилната жена на светот во 2023 година, според магазинот „Максим“.

„Максим“ традиционално ја објавува својата годишна листа Hot-100 најуспешни и најубави жени во индустријата за забава, спортот и поп-културата. Годинава, на врвот ја ставија Ешли Греам, едно од најпознатите имиња во движењето „плус сајз“.

Како една од причините зошто „плус сајз“ моделот се најде на врвот на листата Hot-100, како што наведуваат од магазинот, е дека таа е претставник на движење што ги потсетува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

35-годишната манекенка неодамна беше предмет на контроверзии по церемонијата на доделување „Оскари“ за нејзиното незгодно интервју со Хју Грант. Таа го интервјуира нерасположениот актер на црвениот тепих, а тој не се обиде да скрие колку не му се допаѓа тој разговор. „Знаете што, мајка ми ми рече да ги убивам луѓето со љубезност, па ете“, коментира Греам за ТМЗ во интервјуто што налути многу гледачи и корисници на социјалните мрежи, кои сметаа дека актерот бил груб кон неа.

Која е Ешли Греам? Убавицата што беше откриена на 12-годишна возраст во трговски центар има многу успешна кариера. Таа соработува со светски познати брендови, повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на „Инстаграм“, а многу жени во светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се гледа женското тело.

Таа често споделува природни фотографии без никакво разубавување или филтри за да ја истакне природната убавина и гордо ги покажува своите стрии и целулитот. Ешли напиша и инспиративна книга „Како навистина изгледаат самодовербата, убавината и моќта“.

Влезе во историјата како првиот модел со облини што се појавил на наслоите странвници на „Вог“ и „Спортс илустрејтед“. Потоа нејзината кариера напредуваше и таа продолжи да позира за најпознатите модни списанија „Вог“ „Ел“ и „Харпер базар“, а настапуваше на ревии за Мајкл Корс, „Долче и Габана“, „Ејч енд ем“ и други.

Во една пригода го откри својот рецепт за успех: „Кога престанав да се споредувам со другите жени и да се натпреварувам со нив, тогаш почнав да се фокусирам на она што го работам и на мојата кариера. И – бум. Почнав да се надминувам себеси. Кариерата напредуваше, можев да добијам сè што сакав“, рече таа.

Позира гола по раѓањето на близнаците – го привлече вниманието и во 2021 година кога роди близнаци и гордо позира гола и објави природна фотографија без филтри. „Еј, ново стомаче. Поминавме низ многу нешта заедно. Ти благодарам“, напиша таа во описот на објавата.

 
22.04.2023 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега