Израелската војска го нападна Иран – Техеран е главна мета

 

Израелската војска рано утворово изврши напади врз воени цели во Иран, како одговор на нападите од Техеран што се случија на почетокот на месецот. Ова е првпат израелската војска отворено да го нападне Иран.

„Како одоговр на повеќемесечни континуирани напади на режимот на Иран против Израел, во моментов израелските одбранбени сили вршат прецизни напади врз воени цели во Иран“се вели во соопштението на израелската војска.

Израел смета дека има право и должност да одговори на нападите на Техеран и на неговите посредници, што вклучуваат ракетни напади од иранска територија.

Израелската војска не спомнува дека се можни напади врз нуклеарни и нафтеени постројки во Иран.

Иранската државна телевизија информира дека неколку силни експлозии се слушнале околу Техеран, со што се преетставува дека мета на нападите е токму главниот град.

Нападот ризикува да ги притисне непријателите поблиску до сеопфатна војна во време на зголемено насилство на Блискиот Исток, каде милитантните групи поддржани од Иран, вклучувајќи ги и Хамас во Газа и Хезболах во Либан, веќе се во војна со Израел.

Порпаролот на израелската армија Даниел Хагаро го предупреди Иран од понатамошна ескалација и рече дека ако режимот на Иран направи грешка да почне нова рунда на напади, ќе бидат обврзани да одговорат.

„Нашата порака е јасна, сите оние што и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација – ќе платат висока цена“, рече тој.

Иранската војска соопшти дека нападите се насочени кон воени бази во провинциите Илам, Кузестан и Техеран и предизвикале „ограничена штета“, без да наведе детали.

Белата куќа соопшти дека Израел има право на самоодбрана. Вашингтон го повика Иран да не возвраќа на последните израелски напади врз него.

26.10.2024 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега