Излетал со автомобил во бездна, кучето истрчало 6,5 километри за да го спаси
По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 4 милји до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брајан Гарет бил спасен поради храброста на животното.
Гарет излетал од патот во бездна, а во возилото биле неговите четири кучиња, пренесува „Гардијан“.
Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.
Семејството бргу почнало да го бара Гарет и на крајот го забележало неговиот автомобил по што повикале спасувачи.
Со преостанатите три кучиња, кои исто така ја преживеале несреќата, Гарет бил пронајден во близина на местото на несреќата по што со хеликоптер бил префрлен на преглед во блиската болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа