Излетаа два автомобили и еден трактор- повредени четири лица
Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три излетени автомобили во три различни градови во државава.
Вчера во 03.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Муртино, струмичко, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(21) од с.Муртино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Вчера попладне во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.00 часот на автопатот Скопје - Велес, на клучка Идризово, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(56) од Тетово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И. а со телесни повреди сопатничката Р.К.(37) од Градско, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Исто така вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш - село Ињево, радовишко, трактор „имт 539“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од В.Т.(71) од село Ињево, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа