Издаден портокалов аларм во Македонија – се очекува силен ветер

 

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот, велат од УХМР.

 
26.11.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега