Избран новиот гувернер - Трајко Славевски застанува на чело на Народната Банка
Синоќа пред полноќ, Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. 68 пратеници гласаа за предлогот, а 16 беа против.
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласија стручноста на Славески и неговиот придонес во економските реформи, додека од СДСМ и други опозициски партии беа упатени критики.
Универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје ќе ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.
Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
- Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа