Избоден малолетник на Бит Пазар


Вчера во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката „Бит Пазар“ со повреда од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, на подрачјето на Бит Пазар неколку лица му побарале пари, а откако не им дал едно од нив го нападнало со остар предмет и му нанело убодна рана.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.03.2024 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега