Итна седница на Советот за безбедност на ОН: „Ниту едно место во Газа не е безбедно“

 

 

Во Њујорк почна итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната криза во Појасот Газа.

Средбата е свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.

Најпрвин говореше шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA), Филип Лазарини, кој рече дека нивото на уништување низ Газа е без преседан, како и дека „човечката трагедија што се одвива под наш надзор е неподнослива“.

И покрај тоа што израелските власти му препорачаа на половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа беа убиени додека бараа засолниште, додаде Лазарини.

„Многу пати сум кажал и повторно ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа“, рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670.000 луѓе раселени во преполнети училишта и подруми.

30.10.2023 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега