Италијанскиот прифатен центар за мигранти во Албанија од утре почнува со работа
Прифатниот центар за мигранти кои преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Италија и другите земји од Западна Европа во градот Шенѓин на брегот на Јадранското Море од утре ќе почне со работа, но се’ уште не се знае кога ќе бидат првите мигранти пренесени од Италија во Албанија, објави денеска албанскиот „Политико“.
Според договорот потпишан на почетокот на годинава од премиерите на Италија и Албанија, Џорџа Мелони и Еди Рама, лицата кои се спасени во меѓународни води на Средоземното Море ќе бидат испратени во прифатниот центар, а ќе бидат регистрирани во Шеѓин и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти и лични податоци по што треба да бидат префрлени во кампот во Ѓадер.
Кампот во Ѓадер, кој треба да биде крајна дестинација на мигрантите, се уште е во изградба, а во иднина таму треба да бидат сместени над 3.000 мигранти и бегалци, но тоа не важи за малолетници и трудници, туку само за возрасни мажи кои се обидуваат да стигнат од таму =до Италија.
Италијанските власти ќе одлучуваат за барањата за азил, а доколку не бидат одобрени, мигрантите ќе бидат вратени во земјите на потекло.
Договорот меѓу двете земји предвидува кампот да биде во функција најмалку пет години.
За неколку недели треба да биде готов и подготвен да ги прифати првите баратели на азил, но откако италијанските власти ќе дадат „зелено светло“ за почеток на работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа