Истече рокот на Арсовска да постави нов директор на ЈП Водовод

 

Целосно истече рокот којшто вработените на Водовод и го поставија на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска да ги повика синдикатите на средба.   Јасни во своите барања сакаат разрешување на актуелниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата е месец и половина, а беше назначен од градоначалничката на Град Скопје.

Вработените велат дека откако Митовски бил на директорската функција со закани и уцени раководел со ова јавно градско претпријатие.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пак, тврди дека Митовски го следат контроверзи па дури и дека одлежувал затворска казна за сериозни дела но ваквите обвинувања вчера ги демантираше в.д. директорот на Водовод и рече дека првиот синдикалец лаже за ваквите наводи.

Според Митовски, претседателот на ССМ, Димовски е иритиран од загубата на привилегиите што неговата сопруга ги уживала како вработена во ова јавно претпријатие. Овој став од него беше испратен до вчерашното соопштение до медиумите.

27.10.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега