Исмаил: Владата создава паралелни структури на извршната власт по етничка линија
Мислам дека малку не е фер да ги коментираме кадровските решенија. Дали вие мислите дека треба да се дадат шанси на луѓе кои биле во претходната власт? - Што биле во државни органи коишто немаат направено ништо добра да ја коментираме првата. Онаа што ќе биде заменик министер за одбрана - Ефтет Исмаили. Таа била на раководни позиции во Македонски пошти долго време, а Македонски пошти пропаѓа и пропаѓа, рече пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил ХАКТАН, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада.
Неждет Муфтафа - којшто како претставник на Ромите, се прави фасада за претставници на заедниците. Човекот е 20 години на власт, состојбата со Ромите е се полоша и полоша! Потоа, да го коментираме Зоран Димитровски, човекот освен што беше пропагатор на преспанскиот договор и на промената на името, човекот е докажан сороспија, истакна Исмаил.
„Флакрон Беџети на пример,човекот е државен секретар цел свој живот. Одиме, Лулзим Алиу заменик министер за образование бил, обучен од УСАИД цело време. Заменик министер за култура, дали нема да го коментирате човекот што е теолог.
Замениците министри немаат никаква улога, освен да го ухлебат вториот ешалон од кадрите. Исто како претходните влади, оваа Влада покажува тенденција да направи паралела во министерствата, каде што има министер Албанецима заменик Македонец и обратно. Со тоа ствараат паралелни структури во највисоките органи на извршната власт!“, посочи Исмаил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа