Иран го нападна Израел: Лансираше десетици беспилотни летала камикази
Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел, пренесува National Independent.
Иранските државни медиуми претходно потврдија дека иранските командоси заплениле брод поврзан со Израел во Ормутскиот теснец. Од друга страна, израелската армија предупредува дека Техеран ќе ги сноси последиците доколку насилството во регионот ескалира. Компанијата MSC изјави дека на бродот имало 25 членови на екипажот.
Новинарот на американскиот портал Аксиос Барак Равид вечерва на платформата Х (Твитер) објави дека Иран извршил напад врз Израел користејќи неколку десетици дронови.
Хагари вели дека израелската противвоздушна одбрана е „во состојба на готовност“ и дека „десетици авиони се подготвени на небото“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа