​Инвестиции и нови зелени проекти: Аеродром добива нов парк на површина од 2300 квадратни метри

 

Денеска започна изградбата на нов парк на површина од 2300 квадратни метри со што Аеродром добива нов парк, а граѓаните на овој дел од општината добиваат ново зеленило, место за одмор и рекреација кое ќе биде уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди за уредување на простор од ваков тип. 
Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страница потенцираше дека на овој начин се реализира ветувањето за инвестиции во зелени проекти. 
 
„Се радувам за реализацијата на зелени инвестиции, затоа што ова еден чекор напред кон зелен Аеродром,  и чекор преку кој уште еднаш ја потенцираме важноста на инвестициите во животната средина, но и инфраструктурни проекти кои го унапредуваат урбаното живеење во Аеродром. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување“, потенцираше тој во својата Фејсбук објава. 
 
Во следниот период во општина Аеродром ќе започне реализацијата на уште неколку зелени инвестиции во општината: нови паркови, плоштади и енергетско ефикасни објекти ќе бидат новата реалност во Аеродром.
01.03.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега