Интервентната полиција на терен: Серија апсења низ Скопје
Дрога и оружје кај повеќе лица пронашла интервентната полиција на неколку локации во Скопје.
Како што соопшти МВР, три лица, меѓу кои и малолетник се приведени вчера во главниот град поради поседување марихуана.
-Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(26) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Вчера во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Вчера во 12.25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Двајца млади, на возраст од 19 и 20 години се приведени поради тоа што кај нив било пронајдено оружје.
-Вчера во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Р.Л.(20) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Вчера во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош привеле малолетник од с.Могорче, дебарско, со престој во Скопје и Е.Х.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени боксирач и два ножеви. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа