Сведок: При претресот чудно беше однесувањето на Влатко Кешишов
Сведокот Христијан Плотников, член и основач на партијата „Десна“, на денешното сведочење изјави дека го познава Палевски од 2017 година. -Тогаш кога го фарбаше Геровски, му дадов поддршка за тоа и оттогаш се знаеме, рече тој, додавајќи дека комуницирале со Палевски речиси секојдневно.
Сподели дека се познавал и со другите обвинети.
Во однос на прашањето дали се познава со Стефан Димковски, одговори да. Прашан од обвинетиот Палчо дали при претресот било чудно однесувањето на полицијата, одговори дека не било чудно однесувањето на полицијата, туку на Влатко Кешишов.
Прашан дали при претресот слушнал што бараат инспекторите со претресот, одговори не.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа