Интервентна полиција на терен: Серија апсења по скопските улици

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во пет наврати во текот на вчерашниот ден апсеа по скопските улици за поседување дрога.

Денеска (04.10.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  Х.И.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 03.10.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 03.10.2024 во 22.10 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Х.(51) од с.Визбегово, скопско и Н.Г.(39) од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Денеска (04.10.2024) во 07.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Р.О.(33) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (04.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Едно апсење вчера имало и во Штип.

На 03.10.2024 во 09.20 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле Е.М.(36) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

04.10.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега