Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва

 

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација, Јирген Шток.

„Најостро го осудувам нападот во концертната сала „Крокус“, кој беше ужасен чин против невините цивили. Интерпол е подготвен да даде поддршка во истрагата на руските власти“, напиша Шток на социјалната мрежа „Икс“.

Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ загинаа 93 лица, меѓу кои три деца, а повеќе 145 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС).

23.03.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега