Инклузивна трка во Градски парк за поддршка на семејствата со лица со попреченост
Здружението Куќа на среќата и MAMA’S, во соработка со Сојузот на спотови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“, денеска со почеток во 11 часот, на Школка во Градскиот парк, организираат хуманитарна штафетна трка „Заедно до целта“.
Организаторите информираат дека паричните средства што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка за семејствата кои имаат лице со попреченост.
Во програмата ќе има инклузивна трка, инклузивен базар, скара, музички дел со пеачи од нашата естрада, забавен дел со многу награди и изненадувања и разни друштвени игри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа