Инфлацијата се спушти на 9,3 проценти – првпат е едноцифрена по стартот на енергетската криза

 

Инфлацијата стана едноцифрена. Државна статистика пресмета 9,3% во јуни. Благ пад има и кај потрошувачката кошничка. Според бројките, потребни биле над 48.500 денари за да се помине месецот. Таа е поевтина за околу 500 денари во споредба со мај. Сепак, едно просечно домаќинство требало да издвои 300 денари повеќе за храна и пијалоци, односно околу 20 илјади денари. Во пракса, една кошничка не може да се купи ниту со две минимални плати.

Статистиката покажува дека за една година најмногу поскапела храната. Лебот и житата се продаваат по зголемена цена за скоро 27%. Млекото сирењето и јајцата речиси 26%, месото над 25. Единствено поевтиниле маслата и мастите за 5,3%.

Од министерството за финансии велат дека ова се охрабрувачки податоци, оти државата успеала да ја намали инфлацијата повеќе од 10% од октомври досега. Очекуваат инфлацијата да се намалува и веќе следната година да биде 2 отсто.

07.07.2023 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега