Индиски политичар и неговиот брат убиени во живо на телевизија
Поранешен индиски политичар и неговиот брат убиени додека даваат изјава во живо на телевизија.
Атик Ахмед, кој бил под полициска придружба, зборувал со новинарите кога бил убиен заедно со неговиот брат.
Синот тинејџер на Ахмед беше убиен од полицијата неколку дена претходно. Инаку, Ахмед е осомничен за десетици киднапирања, убиства и изнуда. Локалниот суд го осуди него и уште двајца на доживотен затвор во март оваа година, а тој секогаш тврдеше дека само полицијата му се заканувала по неговиот живот, јавува Би-Би-Си.
На видеото од убиството, кое беше емитувано во живо на телевизија, а подоцна се појави на социјалните мрежи, се гледаат Ахмед и неговиот брат Ашраф, обајцата со лисици на рацете, како разговараат со новинарите, одејќи на лекарски преглед.
По пукањето, тројцата напаѓачи кои се претставиле како новинари, се предале и биле приведени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа